Жена од Крушопек ранета од залутан куршум

42-годишна жена од скопското село Крушопек вчера била ранета од залутан куршум, соопшти МВР.

На 03.07.2023 во 16.33 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда на подлактицата од залутано зрно била донесена Н.Ј.(42) од с.Крушопек, Скопско, пишува во соопштението.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и апелираат до граѓаните да не пукаат од огнено оружје на прослави.

Претходна вестСемафор му паднал врз главата на повозрасен кумановец
Следна вестОблачно, нестабилно, поројни дождови, грмежи…