Облачно, нестабилно, поројни дождови, грмежи…

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. УВ=7.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 21 до 33 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Температурата изутрина изнесува 17, додека преку ден ќе достигне 29 степени.

 

Претходна вестЖена од Крушопек ранета од залутан куршум
Следна вестМакедонија и Косово на Блаце и нa Јажинце ќе воспостават заеднички гранични премини