Столе Димитриевски заминува од Мадрид, Рајо Валјекано бара нов голман

олманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски најверојатно летово ќе го напушти Рајо Валјекано, откако клубот е подготвен да го продаде својот прв голман.
Продажбата на Димитриевски зависи од евентуалниот ангажман на нов голман во редовите на Рајо. Шпанскиот прволигаш ќе се обиде да го купи голманот на Лацио, Луис Максимилијано. За него Рајо Ваљекано ќе треба да плати 8,5 милиони евра.
Се очекуваше ова лето Рајо Валјекано да му понуди нов договор на Димитриевски, но, сепак, шпанските медиуми тврдат дека клубот размислува за продажба на Столе Димитриевски.
Нашиот голман се поврзуваше и со трансфер во Реал Мадрид, но сепак на крајот ништо не се случи од тоа.
29-годишниот кумановец во Рајо пристигна во 2018 година, а претходно настапуваше за Гимнастик, Гранада, Б-тимот на Кадиз и Работнички.

Претходна вестОд четврток во Кинотека започнуваат Вечери на шведски играни филмови
Следна вестНапад на Москва, соборени пет дронови