Меѓународниот суд на правдата бара апсење на Нетанјаху и шефовите на Хамас

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд изјави за Си-Ен-Ен дека бара налози за апсење на водачот на Хамас, Јахја Синвар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото за нападот на Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа.

Во интервју за Си-Ен-Ен, главниот обвинител на судот, Карим Кан, рече дека судот бара и налози за израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и за двајца други врвни лидери на Хамас – Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри, лидерот на бригатата Ал Касем, познат како Мохамед Деиф и Исмаил Ханије, политички лидер на Хамас.

Потерниците против израелските политичари го означуваат првпат судот во Хаг да ги таргетира лидерите на блискиот сојузник на САД, додаде Си-Ен-Ен. Оваа одлука го става Нетанјаху во друштво на рускиот претседател Владимир Путин, по кого судот издаде налог за апсење поради војната на Русија против Украина.

Кан рече дека обвиненијата против Синвар, Ханије и ал-Масри вклучуваат „истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуален напад во притвор“. „Светот беше шокиран на 7 октомври кога луѓето беа откорнати од нивните спални соби, од нивните домови, од различни кибуци во Израел“, рече Кан, додавајќи дека „луѓето страдале огромно“.

Обвиненијата против Нетанјаху и Галант вклучуваат „предизвикување истребување, поттикнување гладување како метод на војна, вклучително и задржување на хуманитарна помош, намерно таргетирање на цивили во конфликтот“, рече Кан.

Кога минатиот месец се појавија извештаи дека главниот обвинител на судот размислува за такви потези, Нетанјаху рече дека секој налог за апсење од судот во Хаг против високи израелски владини и воени функционери „би било навреда од историски размери“ и дека Израел „има независен правен систем кој ригорозно ги истражува сите прекршување на законот“.

Запрашан за коментарите на Нетанјаху, Кан рече: „Никој не е над законот“.

Тој рече дека ако Израел не се согласува со судот, може слободно да поднесе жалба пред судиите. Израел и САД не се членки на Меѓународниот суд на правдата.

Сепак, судот тврди дека има јурисдикција над Газа, Источен Ерусалим и Западниот Брег, откако палестинските лидери формално се согласија да бидат обврзани со основачките принципи на судот во 2015 година.

Претходна вестОдбележан Денот на пожарникарите: Скопската Противпожарна бригада треба да има минимум 450 пожарникари, сега има 180
Следна вестЕвгениј Поп Ацев примен во Интернационалната „Куќа на славните“ во маратонско пливање