Темен режим Режим на светлина

Бурна ноќ во Франција по убиството на тинејџер, уапсени 20 лица

Дваесет лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир за време на протестите што избија во Франција откако полицаец уби 17-годишен тинејџер.
Убиството е снимено во Нантер, западно од француската престолнина, откако беше кажано дека младиот, кој по потекло е од Алжир, ги прекршил сообраќајните правила. Набрзо жртвата била идентификувана како Наел М., 17-годишен возач на доставувач, пишува Телграф.рс.

Полицаецот во меѓувреме е уапсен, а околностите под кои се случило убиството се уште се нејасни.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера помалите групи кои почнаа да прават хаос. Иако ситуацијата се смири нешто по 3 часот наутро, тензиите продолжија, а протестите се проширија и во другите делови на Париз.

Во меѓувреме, обвинителите потврдија дека неименуваниот полицаец одговорен за пукањето е под истрага за убиство. Жртвата, идентификувана како Наел М., починала вчера по 9 часот, откако во него било пукано половина час претходно.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пендаровски: Австрискиот амбасадор не се меша во нашите внатрешни работи

Следна објава

Пендаровски му одговори на Радев: Нови барања од Бугарија не се дозволени заради преговарачката рамка