Дарко Костадиновски нов претседател на Уставен суд

Дарко Костадиновски е новиот претседател на Уставен суд избран на денешното гласање на уставните судии. Телевизија Телма објави дека тој е избран со 6 гласа од колегите во 10 – тиот круг гласање. Претходно денеска се гласало и за Осман Кадриу кој повторно не го добил потребното мнозинство. Изминатите 3 дена на избирачкото ливче се најдоа и уставните судијки Ана Павловска Данева и Татјана Васиќ Бозаџиева.

Костадиновски е избран за судија во јануари 2018 и мандатот му истекува за помалку од три години.

Тој е Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од областа на меѓународното право. Како предлог за уставен судија Костадиновски беше даден од страна на тогашниот македонски претседател Ѓорге Иванов, во чиј Кабинет беше државен советник за надворешна политика.

Беше член на Кабинетот на претседателот од 2001 година во времето на претседателот Борис Трајковски. Од 2006 година продолжува неговиот ангажман, раководејќи со одделението за Европската Унија и НАТО во кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Во 2015 година, Костадиновски бил назначен на функцијата пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.

Претходна вестНа Пендаровски ќе му мирува правото на државничка пензија, прифатено и барањето за апанажа на 29-те пратеници
Следна вестДрекслер: Нема вето за вашата земја, сите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори