Четириесет и три годишен дебранец починал како последица од труење со плин случено пред неколку дена.
-Во 9:45 часот во текот на вчерашниот ден, во Секторот за внатрешни работи во Охрид од Општата болница со проширена дејност во Дебар, пријавено е дека на ургентното одделение, бил донесен пациент во неконтактибилна состојба и без видливи траги на насилство, кој и покрај укажаната медицинска помош, починал, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Тој објасни дека членови од семејството изјавиле дека лицето пред неколку денови инхалирало плин, при обид да отвори плинска боца по што, одбивало да се јави на лекар.