Откако вчера доставија петиција до Владата во која бараат да се гради комплексот на паркингот кај Холидеј Ин, група жители од населбата Ново Маало денеска објавија дека почнале правни консултации за тоа што да преземат доколку Општина Центар одлучи да го суспендира ДУП, со што би се спречила изградбата на овие објекти.
-Досега дејствувавме конструктивно, но сега, уште еднаш повторуваме дека сме целосно подготвени да ги искористиме сите правни. Уште еднаш укажуваме дека суспензијата ќе ни ги загрози правата кои ги наведуваме и заради тоа ќе поднесеме колективна тужба за претрпена штета од 1930 до 2021 година пред државните институции, но и до Стразбур. Како што наведовме и претходно, работиме и на пријава до Управна инспекција заради непостапување на општината, се обратија тие денеска до медиумите со соопштението.
Напоменуваат дека до добивање конечен одговор на нивните тужби, до последниот ден, ќе ги блокираат сите улици што ја оградуваат парцелата.