Делови од Центар, Кисела Вода и Шуто Оризари утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека утре (среда), поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:

– Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од Дел од ул. „Карбуница“, ул. „Рељо Шестокрило“, дел од ул. „Индира Ганди“, „Виетнамска“ и „Нов Живот“ (општина Шуто Оризари);

– Од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од ул. „Малина Попиванова“ (општина Кисела Вода);

– Од 09:00 до 12:00часот, корисниците од ул.  „Димитрија Чуповски“ бр.1 (општина Центар).

Претходна вестФатени двајца бегалци од Идризово, со нив имале автомобил и пари
Следна вестИлинденецот Блаже Крстев – Биринчето го ослободуваше Крушево: Штом сме македонски војводи, за македонскиот народ треба да работиме…