Делови од Карпош денеска без вода, утре делови од Ѓорче Петров без струја

Поради санирање уличен дефект на улицата „Лондонска” без број во општина Карпош, денеска од 9 часот без вода се корисниците во зградите број 5, 7, 9, 11 на улицата „Московска” и пазарот во Тафталиџе.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштија дека овој дел на Карпош ќе биде без вода до санирање на дефектот.

Во меѓувреме, Центарот за управување со кризи соопшти за прекин во снабдувањето со електрична енергија утре во општините Ѓорче Петров и Сопиште.

Според најавата, утре од  07.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат објектите на ДУРА Аутомотив, Мурат Виринг Системс и Герешајмер лоцирани во ТИРЗ 2 – индустриска Зона Бунарџик, во општина Илинден.

Од 9 до 14 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има за дел од корисниците од село Кучково – лоцирани во околината на Старо Буре, општина Ѓорче Петров, додека од 9 до 15 часот, корисниците од улиците 2, 4, 6 и 8 во село Долно Соње –лоцирани спроти МОСТ маркет.

Претходна вестКазни ли деновиве полицијата друг функционер или доволно беше со пратеникот?
Следна вестИ Сенатот на УКИМ со опомена до Царовска: Избрзаните и необмислени решенија може да предизвикаат сериозна штета