Казни ли деновиве полицијата друг функционер или доволно беше со пратеникот?

МВР пред два дена се пофали со соопштение дека казнила пратеник поради тоа што додека возел зборувал по мобилен телефон. Поентата им е дека законот сега важи за сите и дека се казнуваат и пратениците. Но каква е поентата што граѓаните преку социјалните мрежи и ја пратија на полицијата?

-И ова е вест? Треба да е најнормално! Што, тие да не се над законот? Казна за секој кој прекршил законот, а не за овој да а за овој не…, напиша во својот коментар граѓанин потпишан како Марјан.

-Не само пратениците и министррите и директорите се чести прекршувачи на сообраќајните правила, чекам да видам дали ќе казните редовно или само еднаш колку за пропаганда, коментира Влатко.

Значи, граѓаните очекуваат ваквиот однос на продолжи и натаму: да се санкционираат сите прекршители. Односно, да се казнуваат посебно оние функционери кои и во сообраќајот си дозволуваат да ги прекршуваат прописите или да користат позиција да одбегнуваат да бидат казнети. Примери со кои полицијата казнува еден функционер, а потоа сето тоа замира како акција имавме многу до сега.

Кога ќе се има неселективност на полицијата, кога во тоа ќе се уверат и граѓаните, тогаш сигурно ќе се намали и бројот на сообраќајните прекршоци кои си ги дозволуваат брутално возење со кое ги загрозуваат и другите лица. Тогаш, сигурно, ќе има и помалку снимки на дивјачко возење по тротоари, по велосипедски патеки, на патиштата со брзина и од 225 километри на час, а кои ги гледаме како ги објавуваат разулавените возачи на „Ток Ток“ и на другите социјални мрежи.

Претходна вестВедро и студено време, температура до четири степени
Следна вестДелови од Карпош денеска без вода, утре делови од Ѓорче Петров без струја