Ведро и студено време, температура до четири степени

Ведро со ретки облаци и многу студено време ќе преовладува денеска на скопското подрачје. Минималната температура ќе се движи околу минус девет степени а максималната дневна ќе достигне четири степени.

Слично време се очекува и на останатото подрачје на Македонија при што ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринските темепратури ќе се движат од минус 13 до минус четири степени Целзиусови, а дневните од минус еден до осум степени.

Во четврток на планините во западните делови ќе има услови за повремен снег. Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег со променлив интензитет.

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.

Претходна вест„Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ е најновото издание посветено на македонскиот творец и деец
Следна вестКазни ли деновиве полицијата друг функционер или доволно беше со пратеникот?