„Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ е најновото издание посветено на македонскиот творец и деец

„Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ е насловот на книгата на Вера Сточевска-Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски, што ја објави НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

-Книгата со својата содржина е посебно актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска-Антиќ, се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски, за да се дојде до XIX век со потреба од изрзување на сопствен литературен јазик, различен од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик, соопшти издавачот на книгата.

Проф. д-р Георги Сталев, еден од најдобрите познавачи на животот и делото на Прличев, во рецензијата наведува дека „кај нас.Григор Прличев е најочевидниот пример на интелектуалец од Охрид кој во својот постепен и длабок развоен пaт, од детството до знаменит ’Втор Хомер’ во Атина, за да дојде до сознание дека еден ’општословенски’ јазик е за него добредојден, појасно од употребата на бугарскиот јазик.

Претходна вестКарпошани: За да ве оцениме не треба агенција да плаќате, доволно беше електронска анкета
Следна вестВедро и студено време, температура до четири степени