Членовите на Републичкиот судски совет да поднесат оставки поради случувањата во Советот, побара денеска Демократски сојуз.
Ова опозициска партија смета дека оставките се потребни пред сѐ поради некредибилниот судски систем, недовербата на граѓаните во судиите (само 3 отсто од граѓаните имаат доверба во судиите), како и намерното застарување на голем број тешки судски предмети, сомнежите за корупција од големи размери и целосната парализа на владеењето на правото и правниот систем.
-По констатирањето на оставките да започне постапка за избор на нови членови на Републичкиот судски совет. Демократскиот сојуз инсистира и на ревизија на работата на сите судии, како и укинување на Уставниот амандман (Амандман 27) со кој судиите се изземаат од кривична одговорност при донесување судски одлуки и преиспитување на трајниот мандат на судиите. Со оставките ќе се направи мал чекор кон започнување на неопходните коренити реформи во судството, но и во правосудниот систем во целина, велат од ДС.