Денеска целодневна прослава на џезот во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје

Седмото издание на големиот целодневен џез-хепенинг со наслов „Денес сѐ е за џезот“ организиран од Здружението на џез-музичари и слободни уметници – ЗЏМ, ќе се одржи денеска со почеток во 13 часот, во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје. Тоа ќе биде  централен настан со кој се одбележува Меѓународниот ден на џезот – 30 април. Првите пет изданија на настанот се одржаа во МКЦ, додека од 2022 година локацијата е во паркот „Ибни Пајко“.

Меѓународниот ден на џезот е прогласен во 2011 година од УНЕСКО при Обединетите нации, со цел „да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето во сите краишта на светот“.

Како што најавуваат од ЗЏМ Скопје, програмата ќе започне со џез за деца и млади, па потоа ќе следува Квартет – Акварела, Никола Бочваров – Квартет, Филип Динев Трио – Филип Динев/Тилман Обербек/Јан Цајмец, ЗЏМ Биг Бенд – Прект Запа, Јуре Пукл Орган трио – Јуре Пукл/Марко Чрнчец/Крис Смит и Адедџи “Јорува Одисеја”.

Претходна вестСекое функционерче има службено возило, а нема возила за Итна помош
Следна вестДемократски сојуз: Оставки од сите членови на Судскиот совет