Според првичните анализи на објавените податоци од пописот, Демократскиот сојуз оценува дека тие не се одраз на фактичката состојба.
-Во дијаспората процените се дека само околу 10 % од Македонците се попишани, а во Македонија од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста, е наведено во писмената реакција од страна на оваа партија.
Додаваат дека има многу фактори што влијаеле пописот да не успее: „деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука на попишувачите, отсуството на контрола и сл.“, посочуваат од Демократскиот сојуз.
Демократскиот сојуз предлага да се направат дополнителни вкрстувсња и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис.