Демократскиот сојуз предлага минималната пензија да изнесува 300

Демократскиот сојуз предлага минималната пензија да изнесува 300 евра но тоа да значи и скалестo усогласување на износите на сите пензии. Само со средствата од нереализирани проекти што ги плаќа Владата, може да се покријат потребите на пензионерите, велат од оваа партија.

– Кога предлагавме минимална плата од триста евра и покрај отпорите сепак се прифати, но без да се усогласат другите плати врз основа на минималната, при што се случија апсурдни состојби. Тие што веќе имаа 18000 денари плата, со повисок степен на образование и извршуваа посложени работни задачи, да примаат минимална плата.

Затоа Владата треба да го прифати предлогот за минимална пензија, но да направи усогласување на износите на повисоките пензии земајќи ја како основа минималната пензија.

Минимална пензија од 300 евра и линеарно зголемување на пензиите се оправдани и издржани барања на пензионерите, а стабилноста на пензискиот фонд зависи од растот на економијата, ефикасна борба против криминалот и сивата економија, како и реализирање на капиталните инвестиции, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Само со средствата од нереализирани проекти што ги плаќа Владата, може да се покријат потребите на пензионерите.

Претходна вестНаучниците предлагаат: Една соларна цнтрала да произведува електрична енергија за целиот свет
Следна вестРуските воздухопловни сили уништија три украински беспилотни летала над регионот Калушка