Демолирана и запалена канцеларијата на директорот во студентскиот дом „Пелагонија“

Целосно демолирана и опожарена е канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во скопската општина Кисела Вода. Настанот се случил утрово.

Во моментов, во просториите на домот има полициски екипи коишто вршат увид и по што ќе следи информација за јавноста.

Според неофицијални информации, едно лице револтирано откако не му бил продолжен договорот, околу 10:30 часот влегол во канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“, прво ја демолирал со секира, а потоа ја запалил.

 

Претходна вестАеродромска улица нема среќа пак да види градежни работници
Следна вестВ недела повеќе линии ќе се обраќаат по изменет режим од вообичаениот