Денес мета на „бомбашите“ е куќата на претседателот, шопинг молови, хотели, спортски објекти…

Утринава дојави за бомби пристигнале на адресите на повеќе институции Скопје. На мета на „бомбашите“ се најдоа повеќе институции, трговски, центри спортски објекти…

–  Денес, преку преку електронските адреси на повеќе институции е пријавено дека пристигнал меил со закана за поставена експлозивна направа. Дојава за бомба примиле Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица, Скопје и ФФМ. Веднаш по добиените пријави од полициски службеници се преземени мерки, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – се вели во соопштението од МВР.

Оттаму известуваат дека дојави за бомби се пристигнати и во неколку скопски училишта.

Досега сите пријави биле лажни, полицијата се уште нема конкретно решение за откривање на сторителите.

Претходна вестНов обид да го оправат судството: Синови, ќерки и сопруги на политичари и судии ќе бидат идните делители на правда
Следна вестСобраниското разрешување на министрите трае подолго од нивниот мандат