Што пронашла полицијата во акцијата на граничниот премин „Табановце“?

Детали и резултати од синоќешната полициска акција на граничниот премин „Табановце“ се очекува да бидат соопштени денеска. На граничниот премин на македонско-српската гранница од утринава е проодно и нема подолги задржувања за влез и излез од државата. МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција синоќа спроведоа акција што беше причина за големиот застој на граничниот премин.

Телевизијата Телма објави дека за време на синоќешната акција била пронајдена кутија со евра, долари, турски лири, швајцарски франци и денари. Според сознанијата, акцијата се одвивала во рамките на истрагата за злоупотреба на гранични полицајци и цариници.

 

Претходна вестСончево со малку облаци
Следна вест148 казнети возачи, 60 возеле пијани…