Денеска на Спортскиот аеродром „Скопје“ натпревар во прецизно слетување со едрилица

На Спортскиот аеродром Скопје, денеска со почеток од 12:00 часот, како и утре со почеток од 7:30 часот, ќе се одржи вториот натпревар од Лигата во прецизно слетување со едрилица.

Натпреварот е дел од серијата натпревари што ќе се одржат во пет градови ширум земјава – Штип, Скопје, Куманово, Битола и Прилеп.

Лигата во прецизно слетување со едрилица е нов и возбудлив натпреварувачки формат, велат од Аероклуб Скопје, и ги привлекува најдобрите пилоти од земјава и пошироко.

Лигата се состои од пет натпревари, при што секој натпревар се одржува во различен град.

Целта на натпреварот е да се слета едрилицата што е можно поблиску до означената целна точка на полето за слетување. Поените се доделуваат според близината на првата допирна точка на едрилицата до целната точка.

-Сите резултати се собираат во вкупна табела, а на крајот од лигата, натпреварувачот или тимот со најмногу поени ќе биде прогласен за победник, велат од Аероклуб Скопје.

 

Претходна вестГенералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата за Сребреница, 11 јули е прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница
Следна вестСветите браќа Кирил и Методиј се најголеми благодети за нашиот народ, тие се светилник за сите словенски народи, порача владиката Тимотеј на молебенот во Рим