Денеска на црната ковид-листа има 25 починати, од нив 20 се во изминатите 24 часа

Нови 393 случаи од направени 2.974 тестирања на Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа. Починати се 20 пациенти, сите во болнички услови. Оздравени се 397 пациенти. Бројот на активни случаи е 10.785.

Од починатите во изминатото деноноќие, деветмина се од Скопје (52г, 54г, 54г, 69г, 75г, 80г ,81г, 82г и 84г),  по двајца се од Куманово (82г и 86г), Струга (56г и 68г) и Велес (69г и 76г) и по едно починато лице има од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г).

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште пет починати лица во периодот од 21.09 до 02.10. Регистрирани се три лица од Скопје и две лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, четворица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Најголем број нови случаи има во Скопје (187), додека во другите градови бројот на нови случаи е двоцифрен. Во Куманово регистрирани се 34 случаи, во Велес 30, во Штип 21, во Прилеп 14, во Охрид и Струмица по 11 и во Крива Паланка 10. Тетово и Кичево имаат по осум случаи, Битола, Кавадарци и Пробиштип по 7, Кочани 6, Виница 5, Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица по 4, Ресен и Богданци по 3, Кратово 2 и Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 193.846. Оздравени се 176.278, а починати 6.783. Активни се 10.785 случаи.

Претходна вестКандидат за градоначалник на Новаци се обидел да удри полицаец со автомобил и незаконски снимал спот на стадион, а пријавил дека тој е жртва
Следна вест19-годишник со лажен пиштол се шеташе утрово низ „Бисер“ – заврши во полиција