19-годишник со лажен пиштол се шеташе утрово низ „Бисер“ – заврши во полиција

Приведено е лицето кое утрово со пластичен пиштол се шеташе низ Трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром во Скопје.

Од полицијата информираа дека станува збор за 19-годишник со здравствени проблеми.

-Денеска, околу 9:20 часот, полициски службеници од Полициска станица Аеродром, постапувајќи по претходна пријава, во трговски центар на подрачјето на Аеродром го затекнале Ш.Л.(19) од Скопје, лице со здравствени проблеми, кој носел пластичен пиштол (играчка). Од страна на полициските службеници, пиштолот и футролата му биле одземени, велат од МВР.

Претходна вестДенеска на црната ковид-листа има 25 починати, од нив 20 се во изминатите 24 часа
Следна вестПолицаец од Велес фатен при обид за шверцување мигранти од Кина