Полицаец од Велес фатен при обид за шверцување мигранти од Кина

Полицаец вработен во Полициската станица Велес е фатен при обид да преземе четири лица од Кина, кои илегално влегле во државата, за да ги превезе до Гевгелија.

Според информациите на МВР, денеска, во 10 часот, кај напуштена бензиска пумпа пред селото Воиновиќ, Кумановско, полициски службеници го привеле С. Ј. (44) од Велес, вработен во Полициската станица Велес.

Тој бил затекнат на наведеното место со возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, при обид да преземе четири лица од Кина, кои илегално влегле во државата, за да ги превезе до Гевгелија.

Во 10.15 часот на бензинска пумпа на автопатот Табановце – Куманово, како соучесник во шверцувањето, бил приведен и Е. М. (35) од село Горно Оризари, Велешко, за кој постои сомнение дека е организатор и учесник при вршење на делото.

За случајот се известени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР за преземање мерки од нивна надлежност.

Претходна вест19-годишник со лажен пиштол се шеташе утрово низ „Бисер“ – заврши во полиција
Следна вестИнцидент во касарната Илинден: Старешина бил принуден да пука