Денеска најтопло во Демир Капија со 37 степени, утре најава за 40

Температурата на воздухот денеска во Демир Капија се искачи на 37 степени, а во Тетово, Струмица, Скопје, кај Зајчев Рид и во Гевгелија се регистрирани 36 степени Целзиусови.

УХМР најавува дека до крајот на денот и на почетокот на вечерта на североисток и исток ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Во ноќните часови ќе настапи стабилизирање на времето.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. На повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени, а најтопло ќе биде во четврток и петок кога на места и особено на југоистокот ќе го надминуваат и 40-тиот степен, најавува УХМР.

Претходна вестКамчев на 16 јули седнува на обвинителна клупа за плацевите на Водно
Следна вестСкопје се гуши среде лето, кој загадува и ќе се казни ли?