Скопје се гуши среде лето, кој загадува и ќе се казни ли?

Неверојатна загаденост среде лето – синоќа О2 Иницијативата алармираше за високи бројки на присутност на ПМ10 и ПМ2,5 во неколку скопски општини, но и низ цела Македонија. На повеќе места загаденоста е повеќе од 100, а дозволената концентрација е 50 микрограми на метар кубен.

-Надвор не се дише. Да не можеш летно време навечер да прошеташ. Што е ова со воздухов⁉ Некој ќе излезе да објасни⁉ Карпош во 22ч измерени 119 µg/m3 за PM10‼ Цело Скопје околу 100 µg/m3, ко да сме сред зима‼ Вардариште гори редовно, црни чадојни од таму се надишавме.Петре Шилегов, Град Скопје? Не е само Скопје, Кавадарци, Гостивар, Тетово, Велес, Кичево, Битола, Куманово, Кочани, Лазарополе‼, пишува О2 на социјалните мрежи.

До овој момент објаснување од надлежните нема, а јавноста очекува конкретни одговори, не само ветувања дека ќе „излезат и проверат кој загадува“. Последното на тема загадување беше одговорот од владејачката партија на опозициските обвинувања после соголувањето на улицата Орце Николов. На 14 јуни од СДСМ рекоа:

-Сечеа дрвја за да стават бекатон и бетон, а денеска никој веќе не зборува за загадување, туку за раззеленување, а болните и стари дрва се заменуваат со нови. Денеска, наместо кинески двокатни дизел-автобуси, има нови екоавтобуси, а 6.500 грејни тела со субвенции се заменети со инвертери, се велеше во соопштението од партијата.

Од таму нагласуваат и дека во изминатите години во Скопје се подигнати и обновени зелени површини на над 117.000 квадратни метри.

Претходна вестДенеска најтопло во Демир Капија со 37 степени, утре најава за 40
Следна вест„Матица Македонска“ ја објави „Синдромот на самоуништувањето во десницата на македонското движење во Бугарија (1918-1934)“