Денеска пристигнуваат нови обрасци за пасоши

Кол центарот на МВР во Град Скопје со полни раце работа во февруари. За нецел месец биле презакажани 125 илјади термини, а во периодот од 06.02 до денеска закажани се и 100 илјади нови на ниво на цела држава. Вкупно за овој период направени се 225.000 закажувања.

Само вчера, кога сите оператори работеа на нови закажувања, договорени се 14.000 нови термини. Причината зошто граѓаните тешко добиваат е фактот што во одредени моменти се случува да има преку 500 повици во ист момент.

И затоа интензивно се работи во функција да биде пуштен и веб сајтот за закажување, информираат од МВР.

Од почетокот на годинава до денес, има поднесено 216.000 барања за пасоши од цела држава плус оние од дијаспората. 95.000 барања се во јануари, а 121.000 во февруари.

Само во Скопје, во јануари имало околу 26.000 барања за пасош, а во месец февруари 47.000 барања.

Во однос на патувањето со стари обрасци, од досегашните официјални информации со кои располагаме, само Босна и Херцеговина излезе со став дека нема да дозволува влез и движење на своја територија со старите обрасци на лични документи, а таква информација за Црна Гора нема.

Во однос на овие две земји, министерот Тошковски планира наскоро да оствари работни средби со нивните министри за внатрешни работи, односно за безбедност, на кои отворено ќе се разговара за ова прашање.

Претходна вестГарантираните цени и утрово осамнаа на тезгите по маркетите, ќе останат ли и натаму?
Следна вестМасакр во Газа: Убиени 112 цивили кои тргнале по храна