Гарантираните цени и утрово осамнаа на тезгите по маркетите, ќе останат ли и натаму?

Гарантираните цени на дел од основните прехрамбени производи кои до вчера беа на сила и утрово ги дочекаа купувачите по скопските маркети. Одредени видови на леб, млеко и млечни производи, безалкохолни пијалоци, како и месо и сувомеснати продукти и натаму стоеја со исти цени како и вчера. Во некои маркети се уште дури стоеа и ознаките дека се работи за производи со „гарантирана цена“. Така, белиот и полубелиот леб можеше да се купи по 29 и 30 денари, киселото млеко од 400 грама по 27 денари…

Трговците не знаеа дали во текот на денот ќе добијат известување за одредени промени на цените на одредени производи.

-Вчера немавме таква најава, за денеска ќе видиме, ни рекоа во еден маркет во скопската општина Аеродром.

Дилемите дали овие призводи ќе поскапат се појавија деновиве откако денеска престана да важи владината одлука со која беа воведени гарантирани цени за одредени производи. Производителите на леб, млеко и млечни производи, како и месо и сувомеснати продукти најавија дека ќе продолжат да ги доставуваат по исти цени како и досега. Сепак, продажната цена ќе зависи од трговците, кои можат да ги зголемат маржите.

Од денеска престануваат да важат и намалените царини за дел од зеленчукот.

Инспекторите од Пазарниот инспекторат најавија дека будно ќе ја следат ситуацијата на терен за да не се случат неоправдани поскапувања

Претходна вестМВР: Од денес термини за закажување на лични документи можат да се закажат електронски
Следна вестДенеска пристигнуваат нови обрасци за пасоши