Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Православните христијански верници денеска го одбележуваат празникот посветен на Воведение на Пресвета Богородица. Народот овој празник го нарекува Пречиста.

Празникот е меѓу поголемите есенски празници што се празнуваат и со домашни служби. Овој празник исто така, спаѓа и во дванаесетте големи христијански празници. Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што уште немаат деца.

Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

Претходна вестПочина поранешниот министер за култура Благоја Стефановски
Следна вестПак многумина возеле без возачка, пак многу нерегистрирани возила, пак…