Темно Режим Светло Режим

Пак многумина возеле без возачка, пак многу нерегистрирани возила, пак…

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки во текот на вчерашните интензивни полициски контроли, соопшти денеска МВР.

-Меѓу изречените мерки 25 се за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 мерки за некористење на сигурносен појас, 11 за претовар, 7 мерки за недавање првенство на минување на пешаци,  6 прекршоци што ги чинат пешаците, 68 мерки за непрописно паркирање и 47 возила се подигнати со „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 44 санкции, се наведува во инфромацијата. 

Загрижуваат бројките особено за возењето без дозвола и за нерегистрираните возила. Особено затоа што се повторуваат секој ден. Полицијата мора поинтензивно да работи на терен и да ги намали овие опасни аномалии во сообраќајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Следниот Пост

Загрижените граѓани не му веруваат на Заев иако тој вчера ги смируваше