Денеска се слави Света Петка, но се слушаат и апелите да нема големи групирања по домовите

Денеска се слави православниот христијански празник Света Петка, кој е слава на многу скопски семејства. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Но, овој пат граѓаните ќе бидат соочени со апелите на надлежните да нема големи групирања по домовите. Предлогот на Комисијата за заштитни болести да на семејни собири може да присуствуваат уште најмногу четири гости се уште не е официјално прифатен, но треба да се имаат во предвид.

Од МВР неодамна соопштија дека полицијата нема да влегува во домови туку ќе реагира само на пријави.

-Уставното загарантирано право за неповредливост на домот останува и оти од тој аспект полицијата не може да делува. Единствено може да делува по пријава од соседите, објасни тогаш министерот Оливер Спасовски.

По Света петка следуваат и други слави: на 1 ноември е славата посветена на Преподобен Прохор Пчински, а на 8 ноември пак се празнува пошироко распространета слава посветена на Свети великомаченик Димитриј, односно, Митровден. Масовно се шрославува и славата посветена на Свети архангел Михаил на 21 ноември. На списокот на славите кои се слават во ноември е и Свети апостол и евангелист Матеј – 29 ноември. Во декември празнувањата започнуваат на 4-ти кога се слави Воведение на Пресвета Богородица, а на 8 декември се слави празникот посветен на Свети Климент, архиепоскоп охридски, на 11-ти Свети петнаесет тивериполски маченици и на 19-ти е, најмасовната слава посветена на Свети Никола и која по традиција се одбележува во многу домови во градот и поширокоss

Претходна вестОливер Спасовски позитивен на корона вирус, има благи симптоми
Следна вестОпштина Центар го доукрасила скапото Порше со блокатор