Десет казни од по 7.000 евра за бесправни тераси и шанкови во Градиште и Св. Стефан  

Вкупно десет казни во висина од по 7.000 евра во денарска противвредност изрекле инспекциските служби на десет правни субјекти од охридскиот регион за прекршоците сторени во текот на празничниот викенд. Општинскиот инспекторат од Охрид во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа заеднички контроли од аспект на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од ковид-19.

Станува збор за казни против пет правни субјекти од автокампот „Градиште“ што ги прекршиле одредбите од Законот за градење при што за секој од нив е изречена глоба во износ од 7.000 евра во денарска противвредност. Инспекторите констатирале дека тие правни субјекти незаконски поставиле урбана опрема – тераси со и без натстрешници и покриени и непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема.

Во инфорамцијата не се наведува дали санкциите се однесуваат на сопственици на угостителски објекти во кои имало масовни забави од кои се споделуваа и видео-записи на социјални мрежи.

Во делот од крајбрежјето на потегот во населбата „Свети Стефан“ каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така од страна на општинските инспектори е утврдено законско прекршување, при што се изречени глоби против пет правни субјекти, со ист износ од по 7.000 евра во денарска противвредност.

Претходна вестНуркачи од МВР го најдоа телото на удавеното 16-годишно момче во Преспанско езеро
Следна вестПороен дожд и град со големина на лешник се истури врз Скопје