Нуркачите од МВР денеска го најдоа телото на 16-годишно момче кое во саботата околу 18 часот се удави во водите на Преспанското езеро кај туристичката населба Претор. Телото било пронајдено во близина на местото каде што и се случила трагедијата.
Според информациите, жртвата е 16-годишниот И. М. од Ресен кој тој ден бил на педалинка заедно со уште двајца другари. Се очекува полицијата во наредниот период да ги соопшти деталите за ова несреќа околу кој во медиумите се објавуваат различни верзии на настанот. Во дел од инфорамциите се наведува дека трагедијата се случила откако се превртела педалинка и дека трите момчиња биле непливачи. Наспроти ова, во дел од медимите се наведува дека педалинката не се превртела туку дека момчето, откако скокнало во вода, не излегло на површина.
По се изгледа момчињата не носела заштитни елеци кои што се задолжителни според Законот за внатрешна пловидба. Дали ова ќе повлече и нечија одговорност останува да се види.