Во рамките на акциски сообраќајни контроли вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 казни, а од нив 10 за управување на возилото под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР.
Освен ова, изречени се и 28 санкции за управување со брзина поголема од дозволената а казнети се и 22 лица за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички неисправни возила, девет за користење на мобилен телефон и осум за поминување на затворен семафор (црвено светло).
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.