Во ковид центрите се лекуваат 798 пациенти, има 450 слободни кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 798 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.

-Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, се наведува во инфорамцијата.

Во претходното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот со што вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вчера во земјава се регистрирани нови 345 случаи на ковид-19 и заклучно со вчерашниот ден вкупниот бројот на активни случаи достигна 16.419. Од почетокот на пандемијата вкупно се заразени 86.494 лица, бројката на оздравени пациенти е 67.453, а на починати 2.622.

Во претходното деноноќие се направени вкупно 2.455 тестирања, регистрирани се 345 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 289 пациенти, а починати се осум пациенти, на возраст од 48 до 82 години, сите во болнички услови. 

Претходна вестНормализиран сообраќајот на патот Маврово – Дебар
Следна вестДесет возачи во Скопје возеле пијани