Нормализиран сообраќајот на патот Маврово – Дебар

Патниот правец Маврово – Дебар е нормализиран и прооден за сообраќај за сите типови на возила, соопштија утринава од АМСМ.

Во соопштението се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози а врнежи од дожд има низ целата држава.

Вчера поради безбедносни причини поради одрони на патот и паднати дрвја беше воведена забраната за движење за сите моторни возила на патниот правец Маврово-Дебар од потегот на крстосницата за Маврово до Дебар. Поради врнежите од замрзнат дожд и снег во ова подрачје и сообраќајот се одвиваше со застој поради кој се формираа километарски колони возила.

Само на потегот од Маврово до Гостивар на пет места имаше паднато скршени огромни дрвја. Синоќа на планинските превои имаше густа магла а во прекин беше електричната енергија во дебарско реканскиот крај поради оштетувања на далекуводот кај Маврово и друг дефект кај Глобочица при што без струја од десет и триесет часот вчера се останати околу 12 илјади потрошувачи.

Претходна вестПредупредувања ЦУК и УХМР: Да се избегнува движење покрај надојдени реки и потоци, можни излевања на Треска, Пчиња, Црна река…
Следна вестВо ковид центрите се лекуваат 798 пациенти, има 450 слободни кревети