Детали за сообраќајката кај Гевгелија, „мерцедес“ со мигранти се судрил со „корса“, загинатиот е возач

„Мерцедес“ со мигранти се судрил со „корса“, загинатиот е возач. Ова се деталите за вчерашната несреќа на патот Гевгелија – Богданци, кои беа денес соопштени од МВР.

– На 19.01.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на патот Гевгелија – Богданци, на мостот на реката Вардар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со регистарски таблички од друго возило, управувано од Б.М.(48) од Македонска Каменица, во кое превезувал и криумчарел седум лица мигранти од Сирија, патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(63) од с.Богородица, гевгелиско, патничко возило „хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(42) од Гевгелија и патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ќ.(37) од с.Стојаково.

Во несреќата, од здобиените повреди починал Б.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.М. и Е.Ј.(63), сопатничка во возилото „опел корса“, додека со телесни повреди се здобиле мигрантите, констатирани во болницата во Гевгелија, информираат од МВР.

Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестМечка нападна мигранти во БиХ
Следна вестСтоилковски: Лага е дека е спречен криминал за поврат на ДДВ, исплатени се 22 милиони евра пред носот на Лукаревска