Дете, ученик во основно училиште во Скопје вчера дошло на училиште со пластичен пиштол.
Пиштолот го вперувал кон учениците по што била известена и директорката.
Детето, откако дошла директорката и го предал пиштолот – играчка. Повикани биле веднаш неговите родители но и полицијата и надлежните служби од Центарот за социјални работи.
Од МВР го потврдија настанот.
Полициски службеници веднаш излегле на терен и во просториите на училиштето бил извршен разговор со малолетникот во присуство на неговите родители, педагог, психолог и директорката на училиштето
„На 05.05.2023 околу 12 часот во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа. “ велат од МВР.
И за овој случај известен е дежурен јавен обвинител за малолетници, како и Центарот за социјални работи за натамошно постапување.