Дете прегазено во Арачиново

Малолетник бил прегазен во скопското село Арачиново. Тој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди.

– На 28.01.2024 вo 18.45 часот во СВР Скопје било пријавно дека на регионален пат Скопје-Куманово, во село Арачиново, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(37) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од Скопје, соопшти полицијата во дневниот билтен, информираат од МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестСпасовски се самопофали: Оставам наследство кое ќе служи како солидна основа за идни успеси, но не спомена ништо за хаосот со личните документи
Следна вестУтре без струја делови од Ѓорче Петров, Бутел и Центар