Девет починати во 24 часа, уште 7 од претходните денови: Колку починати има во септември?

Во текот на изминатите 24 часа, како последица од ковид починале 9 лица, но во денешната статистика же бидат додадени и уште седум починати од периодот од 3 до 27 овој месец, соопшти Министерството за здравство.

Починатите во изминатите 24 часа се на возраст од 30 до 84-годишна возраст: 5 починати лица од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), 2 починати лица од Куманово (63г и 30г) и по едно починато лице од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистерот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година: по 2 починати лица од Скопје и Струмица и по едно починато лице од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 години.  Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а 5 лица се починати во болнички услови.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, од направени 3 425 тестирања, регистрирани се 454 нови случаи на ковид-19: Скопје – 209, Куманово – 45, Штип – 22, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 12, Охрид и Струмица – по 11, Кичево – 10, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 9, Тетово и Гевгелија – по 7, Ресен – 5, Виница и Валандово – по 4, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар – по 2, Берово и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 308 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.915 бројката на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090, од кои 5.588 во Скопје.

Она што е забележително во статистиките од изминатите денови е дека секојдневно покрај поинатите во 24 часа има и бројки за починати од изминатите денови од почетокот на месецов.

Би било добро Министерството за здравство да ја објави вкупната бројка на починати во септември, за да може да се види колку лица ја изгубиле битката со болеста, но на едно место, а не да се придодаваат секој ден.

Претходна вестНема што нема – се појави и лажен геометар во Скопје
Следна вестШилегов и Арсовска ги стационираа штабовите: „Пресметка на ул. ‘Македонија’“