Темно Режим Светло Режим

Нема што нема – се појави и лажен геометар во Скопје

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Чаир поднесе кривична пријава против Н.М.(50) од Скопје.

Тој од почетокот на 2019 до април 2021 година, лажно се претставил дека работи како геометар и од едно лице зел 3.161.100 денари со ветување дека ќе му овозможи по легален пат да добие државно земјиште на користење, со можност потоа истото да биде откупено.

Оштетениот му ги дал парите, но откако разбрал дека Н.М. не е геометар и не може да го реализира ветеното, сфатил дека е измамен и го пријавил случајот во полиција.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Советот на обвинители доби нов претседател - и само тогаш слушаме за ова тело

Следниот Пост

Девет починати во 24 часа, уште 7 од претходните денови: Колку починати има во септември?