Деветти ден гушкање и поздрави без маски, ама само за политичарите – за другите казни

Во Македонија стана пракса правилата и законите да важат за некои, но не за сите луѓе. Додека граѓаните секојдневно се казнувани за неносење маски, на партиските митинзи во кампањата секоја вечер гледаме прегратки, метеж, еуфорично и блиско поздравување – и за цело време без дистанца и маски.

Ако граѓаните треба да плаќаат ако ги кршат протоколите, зарем не треба и политичарите? Во што е разликата? Одговорот е јасен, ама не се применува. Напротив, селективните постапки носат и селективна правда, па страдаат само некои.

Министерот Филипче после 8 дена кампања, дури вчера се сети да ги потсети и опомене политичарите.
– На митинзите добро е граѓаните да носат маски. Без разлика на тоа што нема официјална препорака. Јас ќе препорачам до сите партии, иако нема протоколи на отворен простор. Мора да го сочуваме здравјето на граѓаните, рече Филипче.

И сето би било во ред доколку самиот министер постојано носи маска. Но изгледа во улога на потпретседател на партија се однесува како сите останати за кои маските и дистанцата не постојат. Како министер држи лекции за протоколи. Кого да послуша народот?

Претходна вестПриведен скопјанец, полицијата пронашла оружје во неговиот дом
Следна вестСимон Трпчевски и концертот „Данте 700“ на отворањето на „Филхармонија во движење“