Девизните резерви изнесуваат 4,28 милијарди евра, во минатиот месец се намалиле за 61 милион евра

Девизните резерви на крајот на март годинава изнесувале 4,287 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат намалување од 61 милион евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (60,2 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (29,2 отсто) и монетарното злато (10,6 проценти).

Споредбата со претходниот месец во однос на пласманот на резервите говори дека е зголемен процентот на резерви пласирани во хартии од вредност и злато додека има намалување на девизните резерви пласирани во валути и депозити.

Претходна вестКривична против сопственик на угостителски објект од Берово, пронајдена марихуана
Следна вестИзраел подготвува 40.000 шатори за Палестинците кои ќе ги расели од градот Рафа