Кривична против сопственик на угостителски објект од Берово, пронајдена марихуана

На 3 април во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, ОВР Берово, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола во простории на правно лице – угостителски објект од Берово, во тек на работно време, а при преглед кај Г. Г., управител и сопственик на објектот, пронајдена е и одземена марихуана, извести МВР.

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, против него е поднесена кривична пријава по член 215 став 2 од Кривичниот законик.

Покрај ова, од страна на Управата за јавни приходи констатирани се непријавување дневен промет и неиздавање фискални сметки, а од страна на Државниот пазарен инспекторат е констатирано пушење цигари во правниот објект поради што изречена е соодветна санкција, додаваат од МВР.

Претходна вестБујар Османи: Не сум сокрил никаков документ, ВМРО-ДПМНЕ фабрикува лажни вести
Следна вестДевизните резерви изнесуваат 4,28 милијарди евра, во минатиот месец се намалиле за 61 милион евра