Вистинска драма се случувала синоќа околу полноќ во водите на Вардар во Гостивар откако во реката било забележано тело на млада жена на течението кај Кланицата. Според очевидците во тој момент еден гостиварец влегол во реката за да се обиде да ја извлече. Но, брзата река го оневозможила и го повлекла со себе. Настанот бил пријавен во полицијата и на Брзата помош и на пожарникарската служба.
Веднаш почнала потрагата по двете тела чиј идентитет се уште не е познат на подрачјето на селото Форино.
-Околу 1:30 часот бев на мостот во селото Форино каде со вознемирените жители го очекуваa исходот од потрагата. Полициски службеници со батериски ламби го следеа текот на водата во случај да се појават телата, кои последен пат биле видени во близина на селото Чајле, објави новинарот Зоран Гега Маџоски од Гостивар на Фејсбук
Околу 3 часот имаше информација дека кај Старо Чајле е лоцирано безживотно тело на женско лице, но обвинителството, полицијата и брзата помош не можеа да ги потврдат наводите. Повеќе детали се очекуваат за денеска.