Бритни Черч (33) од Арканзас Сити, Канзас, имала 16 години кога го родила своето прво дете во 2004 година, а имала уште три деца на возраст од 17 до 19 години. Таа минатата година го родила своето последно дете, 12-то по ред. Таа вели дека последните 17 години од нејзиниот живот се вртеле најмногу околу бременоста и бебињата, пишува „Дејли меил“.
– Мислам дека завршив со тоа, иако мојот сопруг Крис би бил среќен кога би имале уште едно дете, рекла таа.
Бритни има шест постари деца од две претходни врски: Крисман (18), Џордан (17), Кабал (15), Џејк (14), Кендис (13) и Џесалин (11).