Вкупно 855 случаи на Ковид – 19 се регистрирани во Македонија во текот на септември, објави Институтот за јавно здравје. Споредено со август, тоа е за 7,6 пати поголем број на заболени, а во однос на септември 2022, кога имало 2.525 инфицирани, намалување на заболените од 66,1 проценти. Од заболените во септември 2023, најголем број на заболени се пријавени од Скопје – 363. Регистрираи се 347 се реинфекции.
-Во текот на месецот пријавени се пет починати лица, се наведува во извештајот на ИЈЗ.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната групата над 60 години – 372.
Од почетокот на пандемијата, заклучно со 30.09.2023, пријавени се вкупно 349.346 потврдени случаи на Ковид – 19 и 9.947 смртни случаи.