Дијалогот меѓу Софија и Скопје продолжува

Продолжува интензивниот дијалог меѓу работните групи на Бугарија и С. Македонија за што се договорија премиерите на двете земји Кирил Петков и Димитар Ковачевски.

Втората средба на експерти од двете министерства за надворешни работи ќе се одржи во Скопје денес, 20 февруари. Се очекува делегациите да добијат нови политички инструкции врз основа на разговорите одржани на 11 февруари, во кои двете страни детално ги изнесоа своите позиции.

Двете страни ги идентификуваа приоритетните прашања што треба да се решат. За официјална Софија тоа се правата на Бугарите во С. Македонија, а за Скопје – прашањата за идентитетот во преговарачката рамка како европско решение.

Паралелно со експертските разговори за пакетот политички прашања, со новата динамика во преговорите со Бугарија, ќе биде одржана средба на четвртата работна група – за образование и култура и третата работна група – за евроинтеграции, зелена агенда и дигитализација.

Претходна вестВо Скопје недостасува повеќе еколошка свест, главно – кај одговорните фактори
Следна вестЧетири автобуси и две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација