Државната изборна комисија денеска едногласно ги потврди кандидатурите на сите седум кандидати кои доставија кандидатури за избор на шеф на државата на претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 24 април и вториот круг на 8 мај.
Со тоа и официјално во изборна трка за претседател на државата влегуваат Стево Пендаровски, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски, Арбен Таравари, Билјана Внаковска, Бујар Османи и Гордана Силјановска Давкова.
Претседателот на ДИК Александар Даштевски на седницата рече дека дополнително кандидатите Јакимовски и Таравари треба во рок од 48 часа да достават единствен даночен број и трансакциска сметка.
Зад кандидатурата на Пендаровски застана СДСМ и коалицијата, Јакимовски е кандидат на ГРОМ, Димитриевски на ЗНАМ, Таравари на коалицијата Вреди, Ванковска на Левица, Османи на ДУИ и Силјановска Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Од седумтемина кандидати само Силјановска Давкова, кандидатурата ја достави со поддршка на 30 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека останатите, кандидатурите ги поткрепија со граѓански потписи.