ДИК: СДСМ 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-А 12, Левица два, ДПА еден

Според првичните резултати, Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, а главниот политички опонент – коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44 народни избраници.

ДУИ освои 15 мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден.

Ова го покажува симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места.

Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат.

Најмногу гласови 324.084  или 36,12 отсто има коалицијата на СДСМ, пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 312.745 гласа или 34,85 отсто, ДУИ 101.432 или 11,3 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива 76.425 или 8,57, Левица 37.420 или 4,17, а ДПА 13.563 или 1,51 отсто.

Претходна вестЗаев: Со предност сме од три пратенички мандати, ќе работиме за економија и правда за секој
Следна вестСонце со малку облаци, понекаде и дожд